Google Maps со нови сателитски снимки го покажува степенот на уништувањето во Газа
Google Maps ги ажурираше сателитските снимки на Газа со снимки од јануари и февруари 2026 година, на кои јасно се гледаат огромни области претворени во урнатини, како и големи кампови со шатори.
Според УНОСАТ, оштетени се 201.290 објекти, од кои 134.422 се целосно уништени.
Снимките опфаќаат околу 235 квадратни километри, со резолуција од околу 13 сантиметри – доволно висока за да се забележат поединечни ѕидови и групи шатори.
Apple Maps засега нема направено слично ажурирање.





