Нетанјаху тајно отпатувал во Абу Даби на 27 септември за да побара од МБЗ да ги демантира наводите дека ОАЕ го предупредиле за нападот на Хамас на 7 октомври. Истрагата на „Хаарец“ тврди дека МБЗ му се јавил на Нетанјаху околу 10 дена пред нападот и го предупредил дека Синвар подготвува „земјотрес“.Според наводите, Нетанјаху одговорил дека Израел е подготвен, но не го проследил предупредувањето до безбедносните шефови. Нетанјаху го нарече ова „апсолутна лага“ и најави дека ќе го тужи „Хаарец“. ОАЕ соопштија дека разузнавачките информации се споделуваат преку „професионални тела, а не на ниво на државни лидери“. Нетанјаху патувал со приватен авион од аеродромот „Бен Гурион“, поминал околу четири часа во Абу Даби и се вратил во Израел истиот ден. Извор: Асошиејтед прес (АП)





