Хамза Вишќа: Нападот врз Иран е одвлекување на вниманието од притисокот врз Израел за геноцидот во Газа

Дополнителен притисок од Европа е присутен и поради пресретнувањето на брод што пловел кон Газа и киднапирањето на патници и екипаж во меѓународни води.

Случувањата на меѓународната сцена во врска со геноцидот извршен од израелските сили врз Палестинците не одат во прилог на Израел, изјави за „Аваз“ воено-политичкиот аналитичар Хамза Вишќа. Коментирајќи ги нападите на Израел врз Иран, тој нагласува дека бранот притисок, засилен не само од најавите за признавање на Палестина, туку и од синоќешните барања на Генералното собрание на ОН за прекин на војната и блокадата на хуманитарната помош за населението, го принудува Нетанјаху да направи одредени отстапки.

– Дополнителен притисок од Европа е присутен и поради пресретнувањето на брод што пловел кон Газа и киднапирањето на патници и екипаж во меѓународни води. Нападот врз Иран беше извршен за да се одвлече вниманието на домашната и светската јавност од гореспоменатите, оправдани притисоци и, секако, да се продолжи геноцидот во Газа во сенка на прашањето – дали конфликтот со Иран ќе ескалира во светска војна? Нема светска војна без директна конфронтација меѓу САД и Иран, а како што стојат работите, обете земји не се подготвени за такво нешто. Иран ќе возврати на Израел со селективно таргетирање на воената инфраструктура и командните центри на вооружените сили. САД и Велика Британија, како и досега, ќе се приклучат во одбраната на Израел, без да го прецизираат бројот на цели во воздухот што ги собориле – нагласува Вишќа.

Иран испалил околу 100 дронови кон Израел, но сите наводно биле пресретнати.

Posted by Čaršija Times on Friday, June 13, 2025

 

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости