Трамп го нарече „одличен“ израелскиот напад врз Иран, сигнализирајќи дека „ќе има уште многу што треба да се случи“

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече „одличен“ израелскиот напад врз Иран и рече дека „ќе има уште многу што треба да се случи“, јавува Анадолу.

Трамп во телефонскиот разговор со Еј-би-си њуз зборуваше со очигледен ентузијазам за нападите.

​​​​​​​„Мислам дека беше одлично. Им дадовме шанса, а тие не ја искористија. Беа силно погодени и има уште многу што треба да се случи“, изјави Трамп.

На прашањето дали САД учествувале во нападот на кој било начин, Трамп одби да одговори, велејќи: „Не сакам да коментирам за тоа.“

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости