(ВИДЕО) Илјадници на улиците во Иран на погребот на загинатите, повеќето девојчиња, од нападот на училиштето

Иранските државни медиуми објавија дека илјадници луѓе излегле на улиците за време на погребот на 165 жртви, претежно девојчиња на возраст од седум до 12 години, кои беа убиени во напад врз основно училиште во Минаб.

Снимките и фотографиите покажуваат илјадници собрани на погребот, а може да се видат мажи како плачат и тагуваат по загубата на своите најблиски.

Некои носеа фотографија од врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи, додека други го покажаа иранското знаме.

Нападот се случил првиот ден од офанзивата и ја срамнил со земја двокатната зграда на основното училиште „Шаџарех Тајебех“. Момчињата останале во зградата на приземјето, додека првиот кат бил резервиран за девојчиња. Зградата, до неодамна украсена со детски цртежи и весели мурали, сега е претворена во куп изгорени остатоци и урнатини.

Абас Араги, иранскиот министер за надворешни работи, претходно сподели воздушна фотографија на која се гледа како се копаат масовни гробници за да се погребаат девојчињата.

Во истиот пост, Араги остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп и го нарече нападот „ладнокрвно убиство“.

„Ова се гробови што се копаат за повеќе од 160 невини млади девојки кои беа убиени во американско-израелското бомбардирање на основно училиште. Нивните тела беа распарчени. Вака изгледа ветеното „спасување“ на Трамп во реалноста. Од Газа до Минаб, невини беа убиени ладнокрвно“, напиша Араги во објава на X (порано Твитер).

Осудувајќи го нападот, Араги рече:

„Уништената зграда е основно училиште за девојчиња на југот на Иран. Беше бомбардирана среде бел ден, додека беше полна со млади ученички. Само на ова место беа убиени десетици невини деца. Овие злосторства против иранскиот народ нема да останат неодговорени.“

Државниот секретар Марко Рубио изјави дека американските сили „нема намерно да таргетираат училиште“ по извештаите за напад врз основно училиште само за девојчиња.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости