Кина брзо го зголемува бројот на ракети

„Bloomberg“ следел 81 котирана кинеска компанија кои ги снабдуваат двете државни производители на ракети во земјата (CASIC и CASC).

Во 2025 година, речиси 40% од нив постигнале рекордни приходи – највисок удел од кога Си Џинпинг дојде на власт во 2013 година – со вкупна продажба зголемена за 20% и достигната вредност од 28 милијарди долари.

Ова е во контраст со рамни или опаѓачки приходи кај 300-те најголеми компании во Кина.

Пентагон проценува дека Кина сега располага со повеќе од 3.150 балистички ракети — што претставува зголемување од 147% од 2015 година.

Нејзиниот арсенал може да достигне цели како Гуам, Токио и пошироко.

Сепак, постојат и ризици: антикорупциската кампања на Кина против високи генерали и одбранбени научници може да го забави процесот на набавки, додека растот на буџетот за одбрана е најбавен од 2022 година.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости