Марко Рубио во „Мадуро стил“ за време на лет кон Кина

Американската делегација на чело со претседателот на оваа земја Доналд Трамп отпатува во Кина, каде што ќе одржи состаноци со Си Џинпинг и други кинески официјални претставници, а посебно внимание на ова патување привлече државниот секретар Марко Рубио.

Имено, Рубио патува во Кина и покрај фактот што се наоѓа под санкции на Пекинг. Иако можеше да се очекува дека неговиот влез во Кина ќе биде забранет, поради специфичноста на ситуацијата властите во оваа земја се одлучија за необичен потег кој му овозможи патување на американскиот државен секретар.

Непосредно пред да ја преземе должноста во јануари 2025 година, кинеската влада и официјалните медиуми почнаа да користат различен кинески знак за „ру“ за да го претстават првиот слог од неговото презиме.

Двајца дипломати за новинската агенција AFP изјавија дека веруваат дека Кина ја извршила промената затоа што Рубио бил под санкции, кои вклучувале забрана за влез, според стариот начин на пишување на неговото име.

Кина во вторник соопшти дека нема да го блокира Рубио поради неговите поранешни постапки.

„Санкциите се насочени кон зборовите и делата на господинот Рубио кога беше американски сенатор во врска со Кина“, изјави портпаролот на кинеската амбасада Лиу Пенгју.

Покрај тоа, Рубио привлече внимание и со изборот на облека за ова патување. Шефот на одделот за комуникации на Белата куќа Стивен Чунг објави фотографија од авионот на која може да се види Марко Рубио во тренерка.

Меѓутоа, многумина забележаа дека не станува збор за „обична“ тренерка, туку за ист модел што го носел и поранешниот венецуелски лидер Николас Мадуро за време на апсење.

„Секретар Рубио носи Nike Tech Венецуела“ во Air Force One!, напиша Чунг.

Многумина се пошегуваа поради изборот на облека на Рубио и го нарекоа „Мадуро од Стејт департментот“, како и ново лице на Nike дипломатијата.

Трамп и неговите соработници треба во среда да пристигнат во Пекинг во државна посета на кинескиот лидер Си Џинпинг, а теми на разговор ќе бидат трговијата, Тајван и вештачката интелигенција.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости