Најмалку 21 Палестинец се убиени во нападите на израелската војска во Појасот Газа утрово, соопштија очевидци и болнички извори.
Тие рекоа дека израелските сили отвориле оган врз Палестинците кои чекале хуманитарна помош во Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, при што загинале деветмина, а десетици биле ранети.
Уште шест лица беа убиени во централниот дел на Појасот Газа, на улицата Салахадин во областа Вади Газа, каде што жителите исто така се собираа да чекаат помош.
🇵🇸 🩸 Палестинско дете се радува откако добива мало пакување брашно кое едвај може да го носи во условите на суровата војна која ја прави Израел и гладот во Појасот Газа.
Posted by Čaršija Times on Sunday, August 3, 2025
Израелската армија, исто така, таргетираше и други цивилни цели. Во Кан Јунус, беа нападнати центарот на Палестинската црвена полумесечина и училиштето Амал, каде што се засолнуваа раселени Палестинци.
Според организацијата, како резултат на гранатирањето на центарот на Црвената полумесечина, еден вработен е убиен, а тројца други се ранети. Пожар избувнал на првиот кат од зградата.
Во гранатирањето на училиште кое се наоѓа во областа Јабани, западно од Кан Јунус, загинаа две лица.
Очевидци известуваат дека израелските војници продолжуваат да ги дигаат во воздух палестинските домови во различни делови на Кан Јунус. Шрапнелите од експлозиите стигнале до западните делови на градот. Неколку раселени Палестинци биле повредени.
Израелската армија, исто така, продолжи да бомбардира станбени згради во населбата Туфах во североисточниот дел на градот Газа.





