Милановиќ ѝ забранува на војската да соработува со Израел

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да престане со трговијата со оружје и воена опрема со Израел, соопшти кабинетот на претседателот, додавајќи дека Милановиќ наредил прекин на воената соработка со таа земја уште во мај.

„Бидејќи купувањето и продажбата на оружје и воена опрема е во надлежност на Владата на Република Хрватска, претседателот на Републиката ја повикува Владата на Република Хрватска да го стори истото и да ја запре трговијата со оружје и воена опрема со сегашната влада на Државата Израел“, изјави портпаролот Никола Јелиќ.

Оваа недела, Словенија, како прва европска земја што донесе одлука за таква мерка, донесе одлука за забрана на извоз и транзит на воено оружје и опрема од или преку Словенија во Израел, или увоз од Израел во Словенија.

Јелиќ додаде дека Милановиќ, како претседател и врховен командант на хрватската армија, „како дел од своите уставни овластувања, им наредил на хрватските вооружени сили да ги прекинат сите форми на воена соработка со израелската армија уште во мај оваа година“.

„Членовите на Советот за одбрана беа исто така информирани за оваа одлука на седницата одржана на 23 мај“, додаде тој.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости