Македонија ѝ се придружува на Украина во војната против Русија

Македонија се приклучи на Коалицијата на подготвените земји за поддршка на Украина. (Coalition of the Willing)
Потпретседателот на Владата на Македонија, Беким Сали, учествува на состанок во Париз, чија цел е постигнување договор за зајакнување на украинската воздушна одбрана.
Коалицијата на подготвените е составена од земји кои ветија дека ќе ја зајакнат одбраната на Украина од руска агресија.
Да потсетиме дека на состанокот на коалицијата во Париз на почетокот на годината, Велика Британија и Франција се согласија за плановите за распоредување мрежа од воени бази и утврдени магацини на воена опрема на територијата на Украина, кои би се воспоставиле по постигнувањето договор за прекин на огнот со Русија.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости