Следејќи ја јавноста и вестите во земјата забележав дека многу ретко на македонски јазик па и на медиумите на албански јазик и воопшто кај Албанците, не се спомнува светски познатата Франческа Албанезе – известувачка на ОН за Палестина – иако Палестина е една од најактуелните глобални теми, а оваа жена, која во име на целото човештво застанува на страната на правдата и на угнетените, го носи презимето „Албанезе“.
1) Медиумите на албански јазик повеќе покриваат спектакуларни области како поп-музика и фудбал, иако дури и таму често имаат пропусти и големи изоставувања. Доволно е да се потсетиме колку доцна беше препознаена дебарчанката Бебе Реџа, или еден фудбалер од Турција, кого го препознаа како „нашинец“ само тогаш кога самиот тој објави и пројави подготвеност да настапи за репрезентацијата на Косово.
2) Постојат огромни празнини во покривањето на други области, како што се кулинарство, култура, религија, наука, а особено човекови права и хуманизам. Рене Реџепи беше со години светски познат со Мишелин ѕвезди и со освоени први места со својот ресторан во светот. Многу порано пред да разберат овдешните медиуми дека не е некојси Данец, туку Албанец од Тетово. Па истото важи и за Гонџа Бојаџиу, која сега ја слават како нобеловката Мајка Тереза, но многу доцна беше промовирана тоа што беше: Албанка од Скопје. Толку доцна што за малку ќе ја присвоеја Власите или Македонците, многу од кои сè уште и го оспоруваат албанството.
3) Албанците генерално ги избегнуваат големите глобални теми, а дури и кога ги знаат и ги коментираат, често се надоврзуваат само од свој аспект.
4) Стравуваат од можни ризици и било какви поврзаности со толку големи прашања како глобални војни, нуклеарни конфликти, геноцид и анти систем отпор.
Но, во случајот со Франческа, мислам дека има врска со сето горенаведено, но и со нешто друго, според мене: оваа жена, која навистина ни го осветлува образот со нејзината работа на страната на правдата, состави извештај насловен „Економија на геноцидот“. Веднаш по објавувањето, најголемите економисти во светот го поддржаа и застанаа зад истиот извештај. Малкумина го идентификуваа токму тој момент – дека Франческа даде објаснување за прашањето како е можно геноцидот толку да продолжува и трае, покрај фактот дека по Газа и Украина, светот се промени. Како што впрочем и видовме во другите случаи: САД – Иран, Индија – Пакистан. Дека напнатоста многу брзо се намалува кога има опасност од светска катастрофа.
А Франческа Албанезе беше ставена на листа со санкции од САД токму затоа што ги обелодени имињата на најголемите компании кои профитираат од геноцидот – меѓу нив и Мајкрософт и други. Овие компании се збогатија токму оваа година – секако правејќи профит и од геноцидот.
Така според мене, токму затоа тука ретко се спомнува Франческа Албанезе, иако таа работи при Обединетите нации и без никаков надоместок, про боно, како што беше објавено. Кога се гласаше за нејзин подновен службен мандат.
Значи не се работи за тоа дека некој се плаши од Америка и црната листа, ниту од ционистичкиот окупатор, ниту од спомнување геноцид. Тука се работи за вџашеност од големината на делото кое го прави Франческа: таа го исправа светот! Браво и Секоја чест!
Пишува: Рамадан Рамадани
Ставовите изразени во овој текст се на авторот и не мора да ја одразуваат уредувачката политика на Чаршија Тајмс.





