Јусуф, кој сака да учи математика на Оксфорд или Кембриџ, покажува знаци на генијалност уште од својата младост
Единаесетгодишниот англиски муслиман Јусуф Шах, според тестот за интелигенција на Менса IQ, е најпаметниот човек на светот, пишува Yorrkshire Evening Post.
Шах на тестот освоил 162 поени, што значи дека неговиот коефициент на интелигенција е толку, а се проценува дека Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг имале коефициент на интелигенција од околу 160.
“Сите на училиште мислат дека сум многу паметен и отсекогаш сум сакал да знам дали сум во првите 2% од луѓето кои го полагаат тестот Менса”, изјави ученикот од шесто одделение од Лидс за Yorkshire Evening Post.
Шах и неговите родители одлучија дека тој ќе се подготви за тестот Менса додека истовремено се подготвуваше за приемните испити во средно училиште.

“Тоа е тежок испит за подготовка”, изјави неговиот татко Ирфан Шах за весникот. “Ние само продолживме да го правиме она што вообичаено го правиме – ништо специфично за тестот за интелигенција”.
“Сè уште му велам дека ‘татко ти е сè уште попаметен од тебе’. … Ние сето тоа го сфаќаме смирено. Дури и да си талентиран, мора да бидеш најголемиот работник” – додаде тој.
Јусуф – кој сака да учи математика на Оксфорд или Кембриџ – покажува знаци на генијалност уште од својата младост, рече Ирфан.
“Тој едноставно го има овој природен талент за математика. Дури и неговите учители секогаш кога ги добиваме извештаите од училиштето велат: Немаме што да го учиме, тој веќе знае сè”, заклучил таткото на малиот генијалец.





