Масовен погреб во Техеран за функционери и научници убиени во израелските напади

Снимка од воздух на масовната погребна церемонија за 60 лица, вклучувајќи го Началникот на Генералштабот на Иран, генералниот командант на Револуционерната гарда, високи ирански воени функционери, нуклеарни научници и неколку цивили, убиени во израелските напади врз врз Техеран, Иран, кои започнаа на 13 јуни.

Ожалостените се собраа на церемонијата носејќи ирански знамиња, црни транспаренти што симболизираат жалост и рецитираа молитви.

– Конфликт што започна со интензивни напади на Израел врз Иран

Дванаесетдневниот конфликт меѓу Израел и Иран избувна на 13 јуни откако Тел Авив започна воздушни напади врз иранските воени, нуклеарни и цивилни објекти, во коишто загинаа најмалку 606 лица, а 5.332 се повредени, според Министерството за здравство на Иран.

Техеран започна одмазднички ракетни и напади со беспилотни летала врз Израел, во коишто загинати се најмалку 29 лица, а над 3.400 се повредени, според бројките објавени од Еврејскиот универзитет во Ерусалим.

Конфликтот беше запрен со прекин на огнот со посредство на САД, што стапи на сила на 24 јуни.  

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости