Станица за такси во турскиот град Измир пред некој ден беше сцена на шокантна двојна трагедија. Двајца возачи на такси го загубија животот, еден по друг, откако првиот доживеал срцев удар, а вториот, негов близок пријател, се урнал неколку моменти подоцна, исто така од срцев удар, најверојатно предизвикан од шокот и емоционалниот товар.
Според локални извештаи и безбедносните камери од местото на настанот, првиот возач се почувствувал лошо пред очите на колегите. Додека другите повикувале брза помош, неговиот пријател се обидел да му помогне, но по кратко време паднал, очигледно не поднесувајќи ја ситуацијата.
И покрај напорите на лекарските екипи кои пристигнале на местото, двајцата пријатели починале. Настанот предизвика шок и тага меѓу локалното население и таксистите во регионот, кои ги опишуваат починатите како добри луѓе и добри пријатели.
Kalp krizi geçiren arkadaşının yardımına koştu, strese dayanamayıp o da kalp krizi geçirdi.
— TRT HABER (@trthaber) June 26, 2025
İzmir’deki bir taksi durağında iki şoför de hayatını kaybetti.https://t.co/kGM4s5vWCx pic.twitter.com/PbVsz4Svmi





