Најмалку 27.019 Палестинци загинаа во нападите на Израел врз Газа

Израел денес го гранатираше подрачјето Ал Хадаба во Деир ал Балах, во централниот дел на Појасот Газа, во нападот повредени се тројца цивили, кои се префрлени во најблиската болница

Најмалку 27.019 Палестинци се убиени во нападите на израелската армија врз Појасот Газа од 7 октомври досега, а ранети се 66.139.

Палестинското Министерство за здравство во Газа соопшти дека во израелските напади во последните 24 часа се убиени најмалку 118 Палестинци, а 190 се ранети.

Во нападите извршени во текот на ноќта има мртви и ранети. Палестинците се обидуваат да ги закопаат телата на убиените роднини и сограѓани во тешки услови, под постојани бомбардирања и гранатирања.

Израел денес го гранатираше подрачјето Ал Хадаба во Деир ал Балах, во централниот дел на Појасот Газа. Во нападот повредени се тројца цивили, кои се префрлени во најблиската болница.

Бројот на Палестинци загинати од почетокот на израелските напади се зголеми на 27.019, а ранети се 66.139.

Голем број Палестинци и понатаму се наоѓаат под урнатините на објектите по израелските гранатирања и бомбардирања. Поради постојаните бомбардирања и гранатирања, тимовите на цивилната заштита и на итната медицинска помош имаат потешкотии во акциите за пребарување и спасување.

 

TRT Balkan

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости