Саудиска Арабија постави нов светски рекорд со отворањето на највисоката висечка соба за молитва, признаена од Гинисовата книга на рекорди.
Новата Скај Мусала(Sky Mussalla) е на 483 метри надморска височина, поврзувајќи ги двете кули на хотелот помеѓу 36-от, 37-от и 38-от кат. Просторот од 550 квадратни метри може да прими околу 520 луѓе и нуди поглед од птичја перспектива на Масџид ал-Харам, како и на Светата Кааба.








