Најмалку 4 лица се убиени во израелски воздушен напад врз јужна Сирија

Израелските сили убија 4 лица во воздушен напад врз селото Канакер во југозападна Сувајда

 Четири лица загинаа во израелски денес во воздушен напад врз покраината Сувајда во јужна Сирија, известува Анадолу.

Израелските сили извршија воздушниот напад врз селото Канакер во југозападна Сувајда, убивајќи четири лица, објави сириската државна новинска агенција САНА, која не даде дополнителни информации во врска со нападот.

Новиот израелски воздушен напад доаѓа неколку часа откако израелските воени авиони нападнаа област во Дамаск во близина на претседателската палата, што укажува на нова израелска ескалација против Сирија.

Израелската армија засега не го коментираше најновиот напад врз Сирија.

Покрај овој настан, канцеларијата на гувернерот на Сувајда соопшти дека три лица ги загубиле животите од експлозија на мина во близина на градот Ал-Тала.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости