Од Туркије, Словенија и Бугарија се враќаат осуммина повредени во пожарот во Кочани

 Во странство остануваат хоспитализирани уште 18 пациенти повредени во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани

 Денес во Северна Македонија се враќаат 8 пациенти кои беа испратени на лекување во Туркије, Словенија и Бугарија, известува Анадолу.

Министерството за здравство на Северна Македонија информираше дека во земјава се враќаат осум повредени кои беа на лекување во болниците во Туркије, Словенија и Бугарија. Од министерството соопштија дека во странство остануваат хоспитализирани уште 18 повредени во пожарот.

Од повредените што се враќаат во земјата, петмина се лекуваа во Туркије, двајца во Бугарија и еден во Словенија. Од пациентите што ќе се вратат во земјата, петмина ќе бидат сместени во ГОБ „8 Септември“, двајца на Клиника за пластична хирургија, а еден ќе биде сместен во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“.

Министерството за здравство информираше дека континуирано ја следи состојбата на повредените пациенти, со цел да им осигура најдобар можен третман и натамошна рехабилитација.

Во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој животот загубија 59 лица, а над 170 беа повредени, бројот на настрадани се зголеми на 62 откако уште три лица им подлегнаа на повредите, кои беа на лекување во странство.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости