Најстарото видео на YouTube заврши во музеј: Пресвртница во историјата на онлајн содржината

Музејот „Викторија и Алберт“ (V&A) во Лондон отвори нова изложба посветена на раѓањето на платформата „Јутјуб“, повеќе од 20 години по нејзиното лансирање.

Како централен дел од таа изложба, изложени се реконструираниот ран изглед на страницата за гледање видеа на YouTube и најважниот артефакт – првото видео некогаш поставено на YouTube, снимено од еден од коосновачите на платформата, Џавед Карим.

Видеото, насловено како „Јас во зоолошката градина“, го прикажува Карим, тогаш 25-годишен, како зборува за долгите сурли на слоновите во краток клип од 19 секунди во зоолошката градина во Сан Диего. Клипот собра стотици милиони прегледи и милиони лајкови откако беше првпат објавен на 23 април 2005 година и се смета за пресвртница во историјата на онлајн содржините и видеата генерирани од корисници.

Во музејот, тим експерти поминал приближно 18 месеци реконструирајќи го интерфејсот и искуството на YouTube од 8 декември 2006 година, најраниот датум за кој постојат документирани верзии на оригиналната страница.

Проектот беше имплементиран со поддршка на тимот за корисничко искуство на YouTube и интерактивните работилници за дизајн во Лондон, за посетителите да можат да видат како изгледала платформата во нејзините пионерски денови.

Изложбата и реконструираното видео се дел од галеријата „Дизајн 1900-Сега“ во музејот „В&А Саут Кенсингтон“, а процесот на нивно изработка ќе биде понатаму прикажан на помали изложби во складиштето „В&А Ист“ во Стратфорд.

Според директорот на YouTube, оваа изложба не е само прикажување на едно видео, туку покана до публиката да се врати во времето кога започнал глобалниот културен феномен на креирање и споделување дигитална содржина.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости