Германскиот автомобилски гигант Volkswagen разгледува можност за влез во одбранбената индустрија преку производство на ракети во соработка со израелската компанија Rafael Advanced Defense Systems, објави Financial Times.
Според информациите, концернот планира да пренамени една од своите фабрики во погон за производство на ракетни компоненти за системот за противвоздушна одбрана Железна купола.
Доколку се постигне договор, фабриката на Volkswagen во Оснабрик би можела да биде трансформирана за производство на делови наменети за овој систем.
Преговорите меѓу двете компании се во тек, а евентуалниот договор би означил значителен пресврт за Volkswagen – од автомобилска кон делумно воена индустрија.





