(ФОТО) Пирс Морган проговори од болничкиот кревет откако го скрши колкот: На шега го обвини Доналд Трамп за неговиот пад

Британскиот ТВ водител Пирс Морган сподели фотографија од болничкиот кревет откако се паднал за време на викендот. Тој откри дека ја скршил бутната коска и морал да му се оперира нов колк, а на шега го обвини Доналд Трамп за својот пад.

Морган објасни во објавата дека се сопнал од скала во еден лондонски ресторан, што резултирало со пад. Сепак, овој пад не бил сосема безопасен и откри дека во тој момент го скршил колкот.

„Паднав како вреќа компири“, се пошегува Пирс. Тој изјави дека на крајот му бил потребен нов колк откако го скршил дел на бедрената коска (делот од коската што оди во зглобот на колкот) и дека моментално се опоравува од операција.

Тој рече дека ќе биде на патерици шест недели и дека нема да му биде дозволено да оди на долги релации најмалку 12 недели. Заедно со фотографијата од болничкиот кревет, тој сподели и рендгенска снимка од фрактурата на коската.

„Новата година започна одлично!“, рече тој пред да се пошегува: „Го обвинувам Доналд Трамп“.

Морган во еден момент беше страствен поддржувач на Трамп, а нивното пријателство датира од пред американскиот претседател да влезе во политиката. Сепак, по немирите на 6 јануари 2021 година, Морган се предомисли и призна дека се кае што го поддржувал Трамп.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости