На ниво на парламентот на Казахстан беше поставено прашање за можноста за легализација на повеќеженството-полигамија. Иницијативата ја изнесе пратеник од Парламентот на Казахстан, Абзал Куспан, кој истакна дека сегашната забрана во пракса не ги одразува реалните односи во земјата.
„Де-јуре е забрането, де-факто – целосно распространето. Јас лично сум против, но ако тоа се случува насекаде, треба да се легализира и да се внесе ред“, изјави Куспан.
Тој додаде дека многу добро обезбедени мажи во Казахстан веќе живеат во полигамни здружувања кои немаат правен статус, и дека е неопходно да се отвори обемна општествена дискусија за ова прашање: „Секако, прво треба прашањето да се изнесе пред јавноста. А потоа правниците да разработат механизам и систем на регулирање.“
Пратеникот нагласи дека лично не се подготвува да земе втора сопруга и дека не е заговорник на оваа пракса за себе.
Како историски контекст на предлогот, се спомнува фактот дека првиот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев, во своите мемоари „Мојот живот“ признава постоење на неформална пракса на повеќеженство, што укажува на тоа дека овој феномен го имало и во повисоките ешалони на власта.





