Претседателот Ицак Херцог се сретна во Лусака со својот замбиски колега Хакаинд Хичилема, станувајќи првиот израелски претседател што ја посетил африканската земја.
Кабинетот на претседателот објави дека Херцог коментирал за регионалните прашања на средбата со Хичилема, наведувајќи:
„Сакаме мир. Се стремиме кон мир. Нема ништо што сакаме повеќе од мир со нашите палестински соседи.“
Претседателот зборуваше за „страшниот период“ низ кој помина Израел по нападот организиран од ХАМАС на 7 октомври 2023 година. Тој потсети дека како резултат на тоа злосторство, „загинаа граѓани на многу земји, вклучително и африкански земји“, и дека само минатата недела ХАМАС ги ослободи останките на убиениот танзаниски заложник Џошуа Лоиту Молела.
Сакаме да продолжиме да се движиме напред кон дијалог и стабилност. – рече Херцег, а во исто време повика на враќање на преостанатите четири заложници кои беа убиени и се држат во Газа.





