Со лисици на рацете е приведена директорката на ЈП „Комуналец“ Гостивар, Артана Асани, заедно со уште две раководни лица, во рамки на истрагата за епидемијата во градот.
Асани претходно тврдеше дека причината за заболувањата не е водата, туку храната.
Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје не ги објавуваат резултатите од анализите на водата, по барање на Обвинителството поради текот на истрагата.
Од ИЈЗ посочија дека доколку водата била контаминирана со фекалии, тоа може да предизвика стомачни проблеми какви што се пријавени кај дел од граѓаните.





