Шпанија го освои Светското првенство, Аргентина поразена во финалето

Шпанија заслужено ја освои светската титула, откако во финалето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико ја совлада Аргентина со 1:0 по продолженија. Победничкиот гол го постигна Феран Торес во 106. минута.

Иако резултатот беше минимален, Шпанците целосно доминираа. Имаа 65 проценти посед на топката, 852 додавања наспроти 464 на Аргентина и 11 удари во рамките на голот. Аргентина упати само два удари, двата надвор од рамката, а првиот обид кон голот го имаше дури во 117. минута.

Во текот на целото првенство Шпанија прими само еден гол. Деветнаесетгодишниот Пау Кубарси беше прогласен за најдобар млад играч на турнирот, додека Ламин Јамал стана третиот најмлад светски шампион во историјата.

Со оваа титула, Шпанија ги обедини светската, европската и олимписката круна, а под водство на селекторот Луис де ла Фуенте веќе 38 натпревари е без пораз – најдолга таква низа за европска или јужноамериканска репрезентација во историјата.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости