САД ја укинаа визата на колумбискиот претседател поради неговата поддршка за Палестина и за неговиот повик

Соединетите Американски Држави (САД) објавија дека ќе ја поништат визата на колумбискиот претседател Густаво Петро поради неговото учество и обраќање на пропалестинските демонстрации во Њујорк, каде што тој упати и остри критики кон претседателот на земјата, Доналд Трамп.
За време на своето обраќање, Петро, ​​меѓу другото, ги повика американските војници да не ги слушаат наредбите на Доналд Трамп.„Порано денес, колумбискиот претседател Густаво Петро застана на улица во Њујорк и ги повика американските војници да не ги почитуваат наредбите и да поттикнуваат насилство. Ќе му ја поништиме визата на Петро поради неговите неодговорни и провокативни дејствија“, објави Стејт департментот на X.

Петро, ​​обраќајќи се пред група пропалестински демонстранти пред седиштето на ОН на Менхетен, повика на формирање глобална вооружена сила со приоритет на ослободувањето на Палестинците.

„Овие сили мора да бидат поголеми од американските сили. Затоа, од тука, од Њујорк, ги молам сите американски војници да не го насочуваат оружјето кон луѓето. Не ги почитувајте наредбите на Трамп. Почитувајте ги наредбите на човештвото“, рече тој.

Петро, ​​првиот левичарски претседател на Колумбија и гласен противник на израелската војна во Газа, го критикуваше Трамп во својот говор пред Генералното собрание на ОН во вторникот, велејќи дека американскиот лидер е „соучесник во геноцидот“ во Газа.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости