Шведскиот премиер е „многу загрижен“ поради палењето на Куранот но сепак тоа нема да го забрани

Шведска не планира да го забрани палењето на Куранот.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон пред некое време изјави дека е „многу загрижен“ поради палењето на Куранот во скандинавската земја.

Премиерот Улф Кристерсон изјави дека неговата земја не планира, како Данска, да го забрани палењето на Куранот.

„Секоја земја изложена на акутни закани го бира својот начин да се носи со нив. Многу го почитувам она што Данска во моментов го прави“, кажа Кристерсон, а пренесува шведскиот јавен сервис СВТ.

Додаде дека владата на Шведска сепак е со став дека не треба да го следи примерот на Данска.

„Промената би барала уставен амандман, така што тоа не е најсоодветно за Шведска“, рече Кристерсон.

Данската влада информираше дека планира да го забрани палењето на Куранот, откако повеќето сквернавења на светата книга на исламот предизвикаа незадоволство во муслиманските земји. Поради палењето на Куранот во Данска и Шведска годинава имаше протести во некои мнозински муслимански земји, а двете држави потоа ги засилија мерките за безбедност.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости