Видео | Невреме ја погоди Мека, аџиите ги зафати силен дожд проследен со силни налети на ветер

Силно невреме со обилни врнежи и налети на ветер вчера ја погоди Мека во Саудиска Арабија и ги изненади аџиите и жителите на овој град.

Националниот метеоролошки центар (НЦМ) и за денеска издаде предупредување за црвен метеоролошки аларм во покраината и во некои области.

Голем број видеа споделени на социјалните мрежи покажуваат како аџии се обидуваат да најдат засолниште, додека вработените во Големата џамија се речиси преплавени од налетите на ветрот кои однесуваат големи канти за ѓубре.

 

 

Исто така, на други видеа кои кружат на интернет се гледа огромен билборд кој паѓа поради силните ветрови и автомобил кој поминувал за малку го промашува. Сликите исто така покажуваат поплавени патишта и автомобили речиси целосно потопени во дождот.

Властите во Мека издадоа препораки училиштата да останат затворени во средата, откако обилните дождови погодија делови од Саудиска Арабија.

Националниот метеоролошки центар соопшти дека очекува „продолжување на умерени до силни грмотевици што ќе доведат до обилни дождови, придружени со град и активни ветрови што подигаат прашина и песок, ограничувајќи ја хоризонталната видливост во делови од Јазан, Асир, Ал Баха, Мека и Медина“.
Невреме со сличен интензитет минатата година ја погоди Мека, што предизвика поплави низ градот.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости