Спречени два обида за атентат врз сирискиот претседател Ахмед Шаара – уапсени над 70 припадници на ИСИС/ДАЕШ

Дамаск – Сириските безбедносни сили спречиле два обида за атентат врз претседателот Ахмед Шаара, организирани од терористичката група ДАЕШ или ИСИС, соопштија официјални извори.

Според информациите, нападите биле планирани во изминатите месеци и биле насочени не само кон државното раководство, туку и кон претставници на националните малцинства во земјата.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на викендот биле изведени координирани операции против ќелии на ДАЕШ, при што биле уапсени повеќе од 70 осомничени.

Извори блиски до безбедносните структури истакнуваат дека сириската разузнавачка служба е „длабоко инфилтрирана“ во редовите на терористичката организација, што овозможило навремено спречување на нападите.

🔴 По овие настани, сириската влада донесе одлука официјално да ѝ се приклучи на Меѓународната коалиција за борба против ДАЕШ или ИСИС.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости