Министерот за надворешни работи, д-р Тимчо Муцунски, заедно со амбасадорката на Државата Израел, Вивиен Ајзен, и градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска присуствуваше на отворањето на ново детско игралиште – донација во чест на три децении од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Израел.
Во својата објава на Фејсбук, Муцунски упати благодарност до Владата и народот на Израел за, како што наведе, континуираната поддршка и солидарност.
„Во изминатите три децении изградивме пријателски и динамични односи, засновани на заемно разбирање, почитување и поддршка, со соработка во бројни области. Овој проект е симбол на пријателство, доверба и меѓусебно почитување – место на радост и смеа за децата, но и потсетник дека вистинските мостови меѓу народите се градат преку соработка, разбирање и искрени човечки вредности,“ напиша Муцунски.
На објавата реагираше професорката д-р Билјана Ванковска, која преку својот профил на Фејсбук испрати реакција:





