Тајланд и Камбоџа потпишаа примирје

Тајланд и Камбоџа се согласија за „итно и безусловно“ примирје, изјави малезискиот премиер Анвар Ибрахим, објави Асошиејтед Прес.

Анвар, кој ги водеше разговорите како шеф на регионалниот блок на АСЕАН, рече дека двете страни постигнале меѓусебен договор за преземање чекори за враќање во нормалност.

Камбоџанскиот премиер Хун Манет и вршителот на должноста тајландски премиер Фумтам Вечаџачаи се согласија за „итно и безусловно примирје кое стапува на сила на полноќ на 28 јули“, рече Анвар додека читаше заедничка изјава.

Хун Манет и Пунтам го поздравија исходот од состанокот и се ракуваа на крајот од кратката прес-конференција.

Средбата на лидерите на Тајланд, Камбоџа и Малезија, чија цел беше да се обезбеди примирје во граничниот конфликт меѓу Тајланд и Камбоџа, се одржа денес во малезискиот административен главен град Путраџаја.

Амбасадорите на Соединетите Американски Држави и Кина беа исто така присутни на состанокот, изјави официјалното лице.

Средбата се одржа во официјалната резиденција на малезискиот премиер Анвар Ибрахим, претседател на регионалниот блок на АСЕАН.

Најмалку 35 лица се убиени, а повеќе од 200.000 се раселени во судирите меѓу двете сили од четвртокот.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости