Трагедија за Нова година во Скопје: Почина двегодишно дете повредено во глава од заталкан куршум

Утрово, на скопските клиники, почина двегодишното дете кое беше тешко повредено за време на новогодишната ноќ, откако, според првичните информации, било погодено од метален фрагмент додека со семејството гледало огномет.

Детето најпрвин било згрижено во Градската општа болница, а поради сериозноста на повредите итно било префрлено на Клиниката за детска хирургија. Лекарските екипи констатирале масивно крварење во мозокот, при што биле зафатени сите мозочни комори.

И покрај интензивната медицинска грижа и постојаниот надзор, здравствената состојба на детето била исклучително тешка и животозагрозувачка. Утрово, лекарите ја констатирале смртта.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, претходно информираше дека станува збор за еден од најсериозните инциденти за време на новогодишната ноќ. Тој посочи дека повредата е предизвикана од метален фрагмент, а сите околности под кои настанал случајот сè уште се предмет на истрага.

Од Министерството за внатрешни работи најавија дека ќе бидат преземени соодветни мерки за целосно расчистување на настанот и утврдување на евентуална одговорност.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости