Видео од барот во Швајцарија покажува дека гостите не ја сфатиле веднаш сериозноста на ситуацијата: Тие танцувале и снимале pic.twitter.com/jP1fXGC4UA
— Čaršija Times (@CarsijaT) January 2, 2026
Да потсетиме дека во пожарот што избувна околу 1:30 часот по полноќ во четврток загинале околу 40 лица, а повеќе од 100 се повредени, повеќето од нив сериозно. Според властите, меѓу жртвите имало и туристи. Трагедијата се случила во популарен бар во одморалиштето Кран-Монтана, кое редовно се рангира меѓу десетте најдобри европски скијачки центри.
Во ова одморалиште, кое се наоѓа на околу 40 километри северозападно од Цермат, утрото по несреќата помина во знак на шок и тага. Швајцарскиот весник „Блик“ ја пренесува изјавата на докторот кој интервенирал на лице место, кој изјавил дека бројот на жртви ќе биде исклучително висок. Една од клучните причини е фактот што единствениот излез од подрумскиот дел од барот бил тесен, кој во момент на паника се претворил во смртоносна стапица.
Според еден преживеан, причината за пожарот бил невнимателен потег за време на забавата. „За време на забавата, келнер се качил на рамената на својот колега. Во раката држел свеќа за роденден или шише со распрскувач, а раката му била многу блиску до таванот. Таванот се запалил за неколку минути“, изјавил тој за францускиот новински канал BFM.





