Британската влада ќе воведе санкции против двајцата радикални израелски министри — Итамар Бен-Гвир (министер за национална безбедност) и Бецалел Смотрич (министер за финансии), објави The Times. Санкциите вклучуваат замрзнување на средствата и забрана за патување на територијата на Обединетото Кралство.
Министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Сар, ја осуди британската одлука:
„Одлуката на Велика Британија да воведе санкции врз Бен-Гвир и Смотрих е скандалозна и неприфатлива. Ќе одговориме на почетокот од следната недела.“
Ова е првпат некоја западна влада да санкционира високи израелски функционери во контекст на дејствијата на Западниот Брег, што би можело да претставува пресвртница во односот на Западот кон израелската влада.





