(ВИДЕО) Две експлозии во близина на хотелот во Дамаск каде престојуваше Макрон

Две импровизирани експлозивни направи експлодираа во близина на хотелот „Фор Сизонс“ во Дамаск, каде престојуваше францускиот претседател Емануел Макрон.

Експлозиите се случиле кратко откако Макрон го напуштил хотелот за средба со сирискиот претседател Ахмад ал-Шара. Француската делегација соопшти дека Макрон е неповреден.

Сириските власти наведоа дека експлозивите биле поставени надвор од безбедносниот периметар, а во тек е потрага по сторителите.

Нападот се случува во период на напори за стабилизација на Сирија по промената на власта во 2024 година.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости