⚡️ Израелската армија отвори оган врз меѓународна делегација за време на официјална посета на источниот влез од бегалскиот камп Џенин на Западниот Брег.
📍 Кампот е под строга израелска воена опсада од 19 јануари. Делегацијата се состоела од амбасадори и дипломати од земјите-членки на ЕУ и арапски држави.
🇹🇷 Министерството за надворешни работи на Турција со остра реакција:
„Ја повикуваме глобалната заедница остро да го осуди овој чин и да преземе чекори за ставање крај на неказнувањето на Израел.“
◾ Турција потврди дека меѓу нападнатите бил и еден нејзин службеник од Конзулатот во Ерусалим.
◾ Инцидентот се случил додека делегацијата спроведувала набљудувачка мисија во кампо, каде што со месеци се пријавуваат сериозни прекршувања на човековите права.





