(ВИДЕО) Како дел од прославите по повод падот на режимот на Асад, беше запалена елката во црквата „Свети Михаил“ во сириска Латакија

Во петокот вечерта, црквата „Свети Михаел“ во Латакија беше домаќин на свеченото палење на божиќната елка(христијанска традиција), настан кој го посетија бројни официјални гости, јавни личности, религиски претставници и општествени активисти. Манифестацијата се совпадна со одбележувањето на првата годишнина од „битката за одвраќање на агресијата“, значаен датум за локалното население во покраината.

На свеченоста присуствуваше епископот Атанасиј Фахд, поглавар на Грчката православна црква во регионот, како и гувернерот на Латакија, Мухамед Отман, командантот на внатрешната безбедност бригаден генерал Абдул Азиз Ал-Ахмад, директорот за политички прашања Рафат Џило, шефот на административните единици Али Аси и други јавни и религиски претставници од Латакија и околните области.

Во своето соопштение, покраина нагласи дека собирот „создаде слика на национално единство што го отелотворува духот на љубов, заедништво и меѓусебна почит што традиционално го карактеризира сириското општество“. Присутните ја истакнаа важноста на Божиќ како симбол на мир, љубов и соживот меѓу сите заедници, и Исус Христос како заеднички Пратеник и за христијаните и муслиманите.

Покраината дополнително објасни дека ваквите активности се дел од пошироките празнични прослави, насочени кон зајакнување на вредностите на граѓанството и националното единство.

И покрај првичните стравувања кај дел од населението дека новите власти би можеле да ја ограничат или загрозат верската слобода на христијаните и другите малцинства, настани како овој, велат локалните заедници, покажуваат дека христијаните во Латакија продолжуваат слободно да ги изразуваат своите традиции и празнични обичаи, со поддршка и присуство на локалните институции.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости