Une toilette portable est tombée en plein milieu de la circulation du pont centenaire à Séville pic.twitter.com/xR6SwUJKqv
— 75 Secondes 🗞️ (@75secondes) November 22, 2025
Инцидентот се случил на еден од најпрометните мостови во Севиља – мостот Сентенарио. Мобилен тоалет што го користеле градежните работници паднал од голема висина.
При ударот, пластичната конструкција се распрснала на парчиња, расфрлајќи фекалии по патот, објавија локалните медиуми. За среќа, возачите ја избегнале несреќата, но многумина морале ненадејно да закочат.
Во времето на инцидентот, на мостот Сентенарио беа во тек големи работи за замена на потпорните кабли.





