(ВИДЕО) 🇷🇺 Националистички мотивиран тинејџер уби 10-годишно дете мигрант во елитно училиште близу Москва

Во елитно училиште во близина на Москва, тинејџер извршил напад со нож, при што е убиено 10-годишно дете од мигрантско потекло, а уште две деца се повредени.

Напаѓачот најпрво го нападнал училишниот чувар, по што влегол во просториите и почнал да им се заканува на учениците со нож, поставувајќи прашања за нивната националност и упатувајќи навреди.

Според сведоштва, тој го нападнал 10-годишното момче поради неговото неруско потекло и му нанел смртоносни повреди. По нападот, сторителот наводно направил фотографија (селфи) на местото на злосторството.

Надлежните органи ја истражуваат позадината на нападот, вклучително и можните екстремистички и националистички мотиви.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости