Доцна синоќа во Скопје е пријавен трагичен настан, при што животот го загубил ученик на возраст од 17 до 18 години, јавува телевизијата Алсат.
Според неофицијални информации на Алсат, станува збор за самоубиство, а настанот се случил во парк-шумата Гази Баба. Случајот бил пријавен кај надлежните служби во доцните вечерни часови.
Од Министерството за внатрешни работи засега нема официјална потврда со детали, а повеќе информации се очекува да бидат соопштени во текот на денот.





