Постар британски пар, кој беше притворен во Авганистан речиси осум месеци, беше ослободен во петокот.
Талибанските претставници одбија да кажат зошто ги уапсиле 80-годишниот Питер Рејнолдс и неговата сопруга Барби (76), додека се враќале дома во февруари.
„Се однесуваат многу добро кон нас. Со нетрпение очекуваме да ги видиме нашите деца. Со нетрпение очекуваме да се вратиме во Авганистан ако можеме. Ние сме авганистански државјанки“, рече Барби, облечена во црвен хиџаб, стоејќи до својот сопруг, во близина на авион на пистата на аеродромот во Кабул.
Footage of Barbie Reynolds, 76, and her husband Peter, 80, has been shared following the British couple's release from an Afghan jailhttps://t.co/DUKrMWvLHa
— Sky News (@SkyNews) September 19, 2025
📺 Sky 501, Virgin 602, Freeview 233 and YouTube pic.twitter.com/5LdRasxZnZ
Подоцна во петокот тие пристигнаа во катарскиот главен град Доха, каде што беа прегрнати од нивната ќерка Сара Ентвисл и други членови на семејството, покажаа телевизиските снимки. Ентвисл изјави за AFPTV дека е „преплавена од благодарност и олеснување“. „Ова е момент на огромна радост за нашето семејство. Длабоко сме благодарни на сите што одиграа улога во обезбедувањето на нивното ослободување“, рече таа.
Катарски дипломат изјави дека британскиот пар ќе биде подложен на медицински прегледи во Доха пред да полета за Лондон со комерцијален лет во сабота.
Двојката се венчала во Кабул во 1970 година и поминала речиси две децении живеејќи во Авганистан, водејќи образовни програми за жени и деца. Тие исто така станале и официјални авганистански државјани. Кога Талибанците дојдоа на власт во Авганистан, двојката, и покрај предупредувањата од британската влада, одлучи да остане во земјата.

Британскиот премиер Кир Стармер го поздрави нивното ослободување, велејќи дека „долгоочекуваната вест ќе дојде како големо олеснување за нив и нивните семејства“.
„Сакам да оддадам почит на виталната улога што ја игра Катар, вклучувајќи го и емирот шеик Тамим бин Хамад ал-Тани, во обезбедувањето на нивната слобода“, рече Стармер во соопштението





