(ВИДЕО) Во Газа солзи радосници: Девојче со насмевка ја дочека веста за прекин на огнот

Видеоснимка од Газа на која едно мало девојче со блесок во очите ја слуша веста за прекин на огнот предизвика силни емоции и топли реакции на социјалните мрежи.

По две години војна, глад и блокада, веста за примирје донесе искра на радост во домовите на жителите на Појасот Газа.

Сцената ја забележал постариот брат на девојчето, кој ја разбудил за да ѝ соопшти дека конечно дошол мирот. Нејзината искрена радост и детска насмевка ја стопија тагата на илјадници корисници кои го споделија видеото низ интернетот.

Овој момент е симбол на надежта која жителите на Газа ја очекуваат со години – мир и нормален живот за нивните деца.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости