🇵🇰 На границата меѓу Авганистан и Пакистан повторно избувнаа жестоки борби, откако авганистанските власти обвинија дека пакистанската војска извршила воздушни напади врз Кабул и неколку други региони.
🇦🇫 Според соопштение од Авганистан, пакистанските сили повторно го прекршиле авганистанскиот воздушен простор и бомбардирале цивилна пазарна зона во провинцијата Пактика, во близина на Дурендовата линија, како и делови од главниот град Кабул.
„Ова е чин без преседан, варварски и одвратен во историјата на односите меѓу двете земји. Најостро го осудуваме прекршувањето на нашиот воздушен простор и го задржуваме правото на негова заштита. Доколку ситуацијата дополнително се влоши, целата одговорност ќе падне врз пакистанската војска,“ стои во реакцијата на авганистанските власти.
🔴 Извор од авганистанското Министерство за одбрана, во изјава за телевизијата „Ал Џезира“, потврди дека како одговор на воздушните удари на Пакистан врз Кабул, Хост и Нангархар, авганистанските сили започнале воена операција.
„Нашите сили во моментов водат борби со пакистанската армија,“ изјави официјалниот претставник.
Ситуацијата на границата останува крајно напната, со реална опасност од понатамошна ескалација на конфликтот меѓу двете соседни земји.





