Експерт предупредува на негативното влијание на консумирањето благо врз оралното здравје за време на Рамазан бајрам

Доц. д-р Дерја Ѓурсел Сурмелиоглу од Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Газиантеп“ рече дека консумирањето премногу благо и шеќер за време на Рамазан бајрам може негативно да влијае на оралното здравје, известува Анадолу.

Д-р Сурмелиоглу за АА изјави дека за време на празниците се зголемува потрошувачката на слатки и шеќер, што претставува сериозен ризик за расипување на забите.

Наведувајќи дека благата храна го зголемува производството на киселина во устата и предизвикува еродирање на забната глеѓ, доц. д-р Сурмелиоглу го истакна следното:

„Особено лепливите шеќери кои остануваат во устата долго време стануваат извор на храна за бактериите и го забрзуваат процесот на распаѓање на забната глеѓ“.

Посочувајќи дека можеби е тешко да се откажете од консумирањето благо за време на празникот, Сурмелиоглу рече дека сепак треба да се внимава и додаде дека треба оралната нега да се одржува по консумирањето.

Доц. д-р Сурмелиоглу истакна дека е многу важно да се мијат забите по консумирањето благо.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости