Францускиот фудбалер Карим Бензема (35) на своите друштвени мрежи сподели видео во кое го снимил моментот кога извршува умра во Мека.
На видеото што го објави, се гледа дека Бензема е облечен во ихрам, традиционалната облека за Хаџ и Умра.
„Единствената вистина“, напиша Бензама во описот на видеото со хаштаг „Елхамдулилах“.
Тој исто така ја сподели приказната на неговата страница на Инстаграм со текст на француски кој во превод значи „многу среќен“.
Да потсетиме, Бензема му се приклучи на Саудиски Ал Итихад во јуни, откако го напушти Реал Мадрид по 14 години.
Бензема потекнува од алжирско муслиманско семејство, а неговиот вујко е имам во селото од каде што емигрирал неговиот дедо.
L’Unique Vérité 🤲🏽🤍 #alhamdulillah 🇸🇦 pic.twitter.com/HHx9evy8gl
— Karim Benzema (@Benzema) August 6, 2023





