Божиќ, како што сите знаат, се слави раѓањето на Исус и е еден од главните верски празник за христијаните ширум светот. Но, она што многу луѓе не го знаат е дека Исус е исто така важна личност во исламот, иако треба да се напомене дека муслиманите не го слават Божиќ. На темата за претстојните празници, еве шест работи кои можеби не сте ги знаеле за улогата на Исус – и неговата мајка Марија – во исламот:
- Исус, Марија и ангелот Гаврил се сите во Куранот (како и Адам, Ное, Авраам, Мојсеј и многу други библиски ликови).
- Муслиманите веруваат дека Исус (Иса) е Божји гласник, дека е роден од девицата Марија (Мерјем во Куранот на арапски) и дека ќе се врати на Земјата пред Судниот ден за да ја врати правдата и да го победи ал-Масих ад-Даџал (лажниот месија ), познат и како „Антихрист“. Сето ова можеби им звучи сосема познато на многу христијани.
- Марија (Мерјем) има цело поглавје во Куранот именувано по неа – единственото поглавје во Куранот именувано по женска фигура. Всушност, Марија е единствената жена спомната по име во целиот Куран: Како што е забележано во новиот превод на Куранот (Study Qur’an), „другите женски фигури се идентификуваат само според нивниот однос со другите, како што се жената на Адам и мајката на Мојсеј, или според нивната титула, како што е кралицата на Саба“. Марија се споменува повеќе пати во Куранот отколку во целиот Нов Завет.
- Исто како и со сите други Пророци, вклучувајќи го и Мухаммед а.с., муслиманите велат „Алејхи Селам“, односно „Мир на него“ секогаш кога зборуваме за Исус.
- Муслиманите веруваат дека Исус правел чуда: Куранот раскажува за неколку чуда на Исус, вклучително и давањето вид на слепите, исцелување лепрозни, воскреснување мртви и вдахнувањето на живот на глинени птици.
- Приказната за раѓањето на Исус, како што е раскажана во Куранот, е исто така приказна за неговото прво чудо, кога тој зборувал како бебе во лулка и обзнани на народот свој дека е Божји гласник испратен кај синовите на Израел.
Еве ја приказната: „…16. И спомни ја Мерјем во Книгата: кога од домашните свои, на источна
страна се повлече,
17. и од нив се прегради, Ние кон неа мелекот Џибрил го пративме и тој
ѝ се покажа во лик на совршено создаден маж.
18. „Барам заштита кај Семилосниот од тебе, ако од Него се плашиш!“ – повика таа.
19. „А јас сум токму гласник од Господарот твој,“ – рече тој – „да ти
подарам момченце, чисто!“
20. „Како ќе имам син“ – рече таа – „кога ниту еден маж не ме ни допрел, а
јас не сум блудница?“
21. „Тоа е така,“ – рече тој. Господарот твој рече: „Тоа Ми е лесно.“ – и за да
го направиме знак на луѓето и милост од Нас. Неговиот случај е веќе однапред одреден.
22. И таа го зачна и бремена се тргна некаде далеку.
23. И породилните болки ја присилија да дојде до стеблото на една палма.
„Камо среќа порано да умрев и целосно во заборав да паднев!“ – повика таа.
24. И тој, под неа, ја повика: „Не тагувај, Господарот твој даде подолу од тебе поток да потече.
25. Затреси го палминото дрво, ќе истури по тебе урми свежи,
26. па јади и пиј и биди весела! А ако видиш некој човек, кажи: „Јас Му се
заветував на Семилосниот дека ќе молчам, и денес со никого нема да зборувам“.
27. И таа дојде со него кај народот свој, носејќи го. „О, Мерјем!“ – рекоа тие – „нешто нечуено си сторила!
28. Еј ти, која според моралот наликуваш на Харун, татко ти не беше никаквец, а ни мајка ти не беше блудница“.
29. Таа него им го посочи: „Како да зборуваме со дете во колевка?“ – рекоа тие.
30. „Јас сум Аллахов роб,“ – рече тој – „Тој мене Книга ќе ми даде и веровесник ќе ме направи,
31. и ќе ме направи благословен каде и да бидам, и ќе ми нареди сè додека сум жив намаз (молитва) да извршувам и зекат да давам, 32. и кон својата мајка добар да бидам, а нема да ме направи силник, несреќник.
33. И нека е мир над мене, на денот кога се родив и на денот кога ќе умрам,
и на денот кога од мртвите ќе бидам проживеан.
34. Тоа е Иса, синот Мерјемин… (Поглавје Мерјем 16-34, Куран)
Видео кое можеби ќе ве интересира:





