Астероид падна во Германија: Светло небо над Берлин (Видео)

Помал астероид удри во Земјата помеѓу сабота и недела, а нереалната сцена на небото ја снимија граѓаните на Берлин

Околу 90 минути пред ударот, НАСА објави дека помал астероид ќе удри во земјата.

Ударот се случил западно од Берлин, Германија, а како што се наведува, астероидот бил со дијаметар од околу еден метар и не претставувал опасност за луѓето.

Можно е наоколу да паднале помали метеорити.

Во текот на ноќта граѓаните на социјалните мрежи објавија видеа на кои се гледа моментот на ударот.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости