Новите астронаути, кои пристигнаа на ISS со вселенското летало SpaceX Crew Dragon, ќе останат таму две недели. А интересното е што меѓу нив има и Турчин, кој е првиот турски државјанин во вселената.
Мисијата беше лансирана од Вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Флорида, во 16.49 часот Источно време во четвртокот со ракетата Фалкон 9 на приватната компанија за истражување на вселената Спејс икс.
The @SpaceX Dragon's hatch opened at 7:13am ET today and four #Ax3 astronauts from @Axiom_Space entered the space station meeting the Expedition 70 crew. More... https://t.co/vNkf9W7e6S pic.twitter.com/oTFIEzADKa
— International Space Station (@Space_Station) January 20, 2024
Капсулата Драгон, со екипажот, во кој е и првиот турски астронаут Алпер Гезеравџи, се спои со Меѓународната вселенска станица денес во 05.42 часот по Источно време (1042 GMT).
Четиричлениот екипаж ќе спроведе над 30 научни истражувања за време на нивниот 14-дневен престој на Меѓународната вселенска станица.
Меѓу другото, тие ќе се обидат да ги декодираат промените што се случуваат во структурата на клетките во бестежински услови. Патувањето го организираше Akio Space во соработка со NASA и Space X, а според медиумите цената по патник е околу 50 милиони евра.





