Ватикан ги објави првите фотографии и снимки од телото на папата Франциск

Погребот на папата Франциск ќе се одржи в сабота на 26 април

Ватикан ги објави првите фотографии и снимки од телото на починатиот папа Франциск, кое е положено во капелата Санта Марта, која тој ја користеше и како негова резиденција, јавува Анадолу.

Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, ја посети капелата и се помоли покрај телото на папата.

На видеото објавено од Ватикан денес се гледа отворениот ковчег на папата, положен во црквата. Дрвениот ковчег, украсен со црвено платно, е опкружен со свештеници и калуѓерки кои кажуваат молитви.

Погребот на папата Франциск ќе се одржи в сабота на 26 април, потврди денес Ватикан.

Оттаму е соопштено дека погребот на папата ќе се одржи во 10 часот по локално време.

Одлуката е донесена на состанокот на кардиналите рано во вторникот, додека конклавата за избор на нов папа ќе започне на 5 мај.

Папата Франциск во февруари беше примен во болница во Рим со бронхитис, кој прерасна во билатерална пневмонија. Тој беше отпуштен по 38 дена за да продолжи со закрепнувањето во неговата резиденција во Ватикан.

Почина вчера на 88-годишна возраст.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости