Турскиот министер за надворешни работи оствари средба со генералниот секретар на Советот на Европа

Хакан Фидан ја истакна и потребата Советот на Европа да преземе поактивна улога во борбата против сите форми на расизам

 – Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес оствари средба со Ален Берсет, генералниот секретар на Советот на Европа, за разговори за соработката меѓу Туркије и Советот, јавува Анадолу.

За време на средбата, Фидан нагласи дека Туркије им придава значење на односите со Советот на Европа, чијшто е членка основач, истакнаа извори од турското Министерство за надворешни работи.

Фидан изрази поддршка за напорите на Берсет за промовирање инклузивен дијалог и дијалог заснован на консензус и ги поздрави иницијативите што генералниот секретар ги воведе по преземањето на функцијата.

Турскиот министер ја истакна и потребата Советот на Европа да преземе поактивна улога во борбата против сите форми на расизам. 

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости